ЗХГ на покана од градоначалничката на Град Скопје поднесе номинации за членови во Зелениот екосовет на Градот Скопје за да придонесе во решавањето на горливи еколошки проблеми. Ангажманот на сите членови номинирани од ЗХГ е целосно волонтерски, без никаков финансиски надомест и независен. Номиниравме експерти од најразлични сфери чијашто синергија очекуваме да резултира со трајно подобрување на квалитетот на живот во Скопје, како и поставување нови стандарди во визионерското планирање на еден град од иднината - паметен, одржлив и праведен - град за сите луѓе.