Скопје мора да биде
ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

ШТО?

Што е ЗХГ, за што се залагаме и која е нашата изборна програма за Скопје

КОЈ?

Погледни ги докажаните луѓе што стојат зад ЗХГ и се спремни за трансформација на Скопје 

А ЈАС?

Стани дел од планирањето на иднината на Скопје! Посети ја платформата МојГрад

ВОЛОНТИРАЈ!

Ти се допаѓа нашата визија, мисија и активности? Стани дел од нашиот Discord сервер!

Биди дел од зелената иднина на Скопје

Што e ЗХГ?

Основната мотивација на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД е широко обединување на активистите и обичните граѓани зад конкретни проекти во рамката на тематските заложби.

 

Овие проекти се генерираат преку три извора:

1. Експертизата на активистичките организации кои го сочинуваат ЗХГ

2. Граѓанските предлози на платформата МојГрад, создадена и администрирана од ЗХГ, и

3. Барањата на протестните движења во кои учествува(л) ЗХГ

 

Целта на ЗХГ е интегрирање на проектите од овие три извора и нивно застапување како политики во локалните институции, паралелно со агенда за прогресивна институционална трансформација во насока на трансфер на моќта од политичката и бизнис елита кон граѓаните. 

Тематски заложби

Организациски принципи

Тимот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

Докажани активисти, волонтери и експерти

 
 

 

 

Драгана Велковска

Драгана Велковска

СОВЕТНИЧКА ВО ГРАД СКОПЈЕ

Горјан Јовановски

Горјан Јовановски

СОВЕТНИК ВО ГРАД СКОПЈЕ

Марјан Калевски

Марјан Калевски

Е.Д.Е.Н.

Ана Петровска

Ана Петровска

Инженерка, архитектка, еколог

Ивана Дракулевска

Ивана Дракулевска

Активист

Милка Докузова

Милка Докузова

Хумани Градови

Игор Раиден

Игор Раиден

ЕдуАктив Орг

Гизела Бошковска Георгиевска

Гизела Бошковска Георгиевска

Анима мунди

... и уште многу многу прекрасни волонтери!

Идеолошки позиции

Локален суверенитет

За локалната политика одлуките мора ексклузивно да ги носат локалните жители. Како локална средина, градот мора да има автономија во носењето на урбаните политики, и на нив не смее да влијаат надворешни фактори.

Grassroots партиципација

Локалните политики мора да потекнуваат одоздола, од припадниците на локалната заедница, преку учество на самите граѓани во процесот на планирање и имплементација, наместо да бидат наметнувани од центрите на моќ.

Дигитална заедница

Интернет технологиите мора да се искористат за оптимизација на процесот на партиципација и одлучување. Неопходно е воведување дигитална партиципативна платформа на која граѓаните ќе се информираат, дебатираат и гласаат, а изразеното мислење би било обврзувачко за институциите.

Често поставувани прашања

Политиката е секаде околу нас, иако може не ја приметуваме. Улицата пред твојата зграда што има дупки, булеварот што нема велосипедска патека, загадувањето на воздухот, па и цената на патлиџаните, сè зависи од политиката и одлуките на политичарите.

Само преку гласање, можеш да одбереш дали сакаш искрени и квалитетни луѓе да работат за тебе, или нечесни луѓе континуирано да ја искористуваат твојата доверба. Изборот е твој.

Зелен Хуман Град е составен од активисти, професори и креативни професионалци, кои со години (некои и над 10) волонтираат за подобро и поубаво Скопје. Кога последен пат сте виделе политичар да волонтира во слободно време за општо добро? 🙂

Градоначаничката позиција треба да биде пополнета од личност со докажана искрена мотивација, лидерски способности и експертиза во полињата кои се во надлежност на градот.

Ана, со нејзината досегашна трансформациона работа во и вон државните институции, со истрајноста за санкционирање на загадувачи како директорка на Државниот инспекторат за животна средина, но и со активистичките ангажмани, е единствената кандидатка што ги поседува сите карактеристики да биде мајка на градот.

Ако ги собереме годините волонтерство на сите на листата на советници на ЗХГ, тоа би било над 150 години волонтерство. 150 години посветени на борба надвор од институциите на општото добро на Скопје и на Македонија. Од активисти за животна средина, до професори, програмери, вело ентузијасти и љубители на животни, сите кандидати на листата на ЗХГ се залагаат за теми што ќе го направат Скопје поубаво место за сите нас.

Време е да ја внесеме таа борба внатре во самите институции, и од внатре да ја правиме потребната трансформација, доколку навистина сакаме да живееме во зелен и хуман град.

На политичарите не треба да им е комфорно. Дрвени столчиња прават подолго седење да не е удобро, и наместо да седиме по канцеларии, да сме надвор со другите граѓани, решавајќи вистински проблеми 🙂

Сакаш зелено и хумано Скопје? Активирај се!