Пишувај за Зелен Хуман Град

pishuvaj za zelen human grad

Нè следиш редовно и ги читаш нашите содржини?

Тогаш веќе си запознаен/а со темите кои не интересираат нас и нашите читатели најмногу: сè она што придонесува за позелен и похуман град за живеење. 


Ако си студент, професор, истражувач, дипломец, научник, правник, ветеринар, наставник, сопственик на еко-бизнис, или едноставно „сличномисленик“ – наш сограѓанин од Скопје…

 

Едуцирај нè! 


Сподели ги своето знаење, искуство и експертиза со заедницата <3


Ти отстапуваме
дел од нашиот блог за споделување на твои авторски текстови на темите кои ни се од заеднички интерес, а со цел професионално информирање и едуцирање на јавноста. 


Од фотосинтеза, до соларни панели и индустриски загадувачи, циркуларна економија, зелени бизниси, социјално претприемаштво, велокултура.
 

 

Како ти сметаш дека можеме да го намалиме загадувањето во Скопје?
Како најефективно да го решиме проблемот со бездомните животни?
Како да ги намалиме жртвите во сообраќајот? 
Како да ја подобриме економијата и да ја намалиме стапката на сиромаштија? 
Кои се здравствените придобивки од зеленилото во урбаните средини?

 

Кои совети можеш да ги дадеш за здрав начин на живот и исхрана со кои го штитиме нашиот (засега ;)) единствен дом – Земјата?


Твоето знаење е драгоцено! Време е да го споделиме и да почнеме да го применуваме.

 

 

Инспирирај нè! 

 

Инспирирај ги останатите преку пример од лично искуство.

 

Раскажи ни како селектираш отпад, како се грижиш за своите растенија, кои се твоите еконавики? Сподели го твојот омилен веге или веган рецепт! Прикачи и фотографии и видео, ова е твојот простор за креативно изразување кое ќе нè мотивира сите нас да направиме чекор кон поодржлив и еко-свесен стил на живеење. 

 

 

 
 

Скопје младост ти ќе бидеш,
Скопје ти ќе бидеш цвет!🌸

 

Имаш идеја како можеме да го направиме Скопје уште поубав и похаризматичен град? – We are dying to hear it! Сечија идеја е добредојдена! 

 Па, во каков град сакаш да живееш?

Поднеси блог-пост во кој ќе ги изнесеш своите ставови и идеи од областа на животната средина, климатската криза, биодиверзитетот, урбанизацијата и архитектурата, природните ресурси, екологијата, енергетиката. итн. 

Посочи проблем со кој сметаш дека се соочува заедницата во која општина во град Скопје и понуди решенија или препораки за надминување на тој проблем. 

Која промена сакаш да ја видиш во околината во која живееш?

Ве повикуваме вам, креативни умови на Скопје, да ја споделите вашата визија и замисла (и практични решенија) за како да го подобриме градот во секој можен аспект и сегмент.  

 

 

Disclaimer: Земи предвид дека текстот мора да биде во линија со принципите и идеолошките позиции на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД и да биде базиран на истражување и анализа или да претставува пример од некој друг град каде што идејата веќе успеала и резултирала со позитивен исход, а е изводлива и во нашето Скопје 😉 

 

Пред да почнеме

Испрати ни мејл на
[email protected]
 и кажи ни за што сакаш да пишуваш и кои теми ќе ги опфатиш за да се договориме за наслов и структура на текстот.

 

 

 

Насоки за пишување🤓

За нас е многу важно да го одржуваме квалитетот на содржината на блогот.
Еве што бараме во нашите објави:

 

 

Релевантни, добро истражени објави на посочените теми

 

Ние често ги користиме прашалните зборчиња: ,,Што? Зошто? Како?” како модел за да покриеме суштински теми. Што е брза мода? Зошто е проблематична? Како можеме да направиме разлика?

Пример: Како аерозагадувањето му штети на нашето здравје.

 

Претпочитаме да користиме јасен вокабулар и кратки и јасни реченици. Стреми се да пишуваш „народски“ и биди штедлив со комплицирани стручни термини. Авторите често вклучуваат лични анегдоти за да ги направат нивните текстови поблиски и попривлечни. Што е најважно, нашата цел е да едуцираме и да ја развиваме колективната свест заедно.

 

 

Извори

 

Кога преведуваме или цитираме надворешни извори, имаме за цел да ги понудиме најактуелните и најверодостојни експертски мислења. Освен ако не се „безвременски“, изворите и студиите не треба да бидат стари повеќе од пет години. Google Scholar е одличен за наоѓање валидни, актуелни студии.

*Извести го уредникот ако ти треба помош при добивање извори. ([email protected])

 

Кога цитираш друга публикација, провери дали изворот е оригинален.
Ако најдеш статија на интернет, провери го оригиналниот извор на изворот. Потоа ќе треба да додадеш и врска до изјавата или текстот што го цитираш.

Сакаме да се повикуваме на оригиналната студија, а не на публикација со рециклирана содржина. 

 

 

Провери го текстот пред да ни го испратиш

 

Пред да го испратиш својот прв нацрт, те молиме користи ја оваа листа за проверка за самостојно уредување на твоето пишување. Ова ќе помогне да се минимизираат грешки и твојата приказна да блесне – дури и при првото читање.

 

 

  • Прочитај си го текстот полека. Барај правописни и граматички грешки, нецелосни реченици и празнини во содржината.
  • Дали одговараш на темата во насловот? Дали секоја реченица служи за одредена цел?
  • Дали користиш функционален јазик? Дали вклучи совети? Дали твојот текст едуцира и мотивира?
  • Повторно провери ги врските, изворите, цитатите (каде што е применливо) и правописот на имињата и насловите.
  • Прочитај си го текстот уште еднаш.😊
  • Достави ни го како врска до Google docs и не заборавај да ни се претставиш како автор во неколку реченици кои ќе ги додадеме на крајот на твојата објава.
 
 
 

И најважното – уживај во пишувањето!