За било какви незаконски постапки на територијата на општина Гази Баба, кои бараат итно постапување, а се во надлежност на секторот за Инспекциски работи на општина Гази Баба пријавете на бројот 075 346 932.
За итни случаи на загадување, пријавете во Државен инспекторат за животна средина, дежурен инспектор 070 286 698.
Кликни на копчето подолу за пријава со 1 клик. Ова ќе ја ископира содржината на пријавата и ќе ти отвори апликација за мејл со веќе пополнети е-адреси и наслов на пријавата.
Единствен рачен чекор е да се внесе копираната содржина во мејлот, да се пополни име и презиме доколку е потребно и да се прати пријавата.
[email protected],[email protected],[email protected],[email protected], [email protected], [email protected],[email protected],[email protected], [email protected],[email protected], [email protected],[email protected],[email protected],[email protected], [email protected], [email protected], [email protected],[email protected], [email protected], [email protected]
[ИТНО] Пријава на загадување на животна средина од страна на оператори во комплекс Железара (Макстил АД, Либерти, ТГС и/или други правни субјекти со А или Б-интегрирани дозволи)
ДО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ГРАД СКОПЈЕ
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕДМЕТ: ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗВУЧНО, ВИБРАЦИСКО И АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ОД СТРАНА НА МАКСТИЛ А.Д. И/ИЛИ ДРУГИ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ СО А ИЛИ Б-ИНТЕГРИРАНИ ДОЗВОЛИ ВО КОМПЛЕКСОТ „ЖЕЛЕЗАРА“
Почитувани,
Денес, во раните утрински часови (околу 08:00), повторно беше забележано интензивно и континуирано испуштање на жолта прашина и густ чад од оџаците од реонот на индустрискиот комплекс „Железара“, при што значителен дел од населеното место Железара беше прекриен со чад и се чувствуваше силна и неподнослива миризба на изгорено и на киселини, кои се повторуваат веќе со денови.
Исто така секојдневно има огромна и неподнослива континуирана бучава која се слуша надалеку, а се чувствуваат и непријатни вибрации во нашите домови.
Ова е сериозен индикатор за можно неконтролирано или недозволено испуштање на штетни материи во воздухот. Ваквите појави претставуваат директен ризик по здравјето на граѓаните и не смеат да останат без итна и темелна реакција.
Бараме од ДИЖС и општинските инспектори за ЖС, ВЕДНАШ И БЕЗ ОДЛАГАЊЕ, ВО ИСТИОТ ДЕН да спроведат вонреден инспекциски надзор во сите правни субјекти во комплексот со А и Б-интегрирани дозволи за кои од видеото има основано сомнение дека го загадиле воздухот, предизвикале бучава или испуштале вибрации во животната средина, со задолжително присуство на независна акредитирана лабораторија која ќе врши мерења на лице место. Секое потпирање исклучиво на податоци од операторот е неприфатливо во вакви околности.
Бараме итно и независно мерење на бучавата, како и на вибрациите кои потекнуваат од комплексот кои имаат штетно влијание врз луѓето и живиот свет во непосредна околина.
Инсистираме на целосна транспарентност, односно доставување на резултати со јасно разграничување помеѓу:
податоците обезбедени од самите правни субјекти, и
наодите од независната лабораторија.
Доколку имало хаварија и испуштање на фугитивни емисии од страна на правните субјекти, бараме да ни биде доставен записник дали соодветниот инспекторат бил известен за хаваријата, дали е излезено на терен и колку емисии биле испуштени.
Дополнително, повторно бараме итно да се утврдат причините за мирисот на киселини. Не можеме прозорци да отвориме од неподносливата миризба која штипе на нос, поради која не можеме ни прозорци да отвориме!
Очекуваме од Вас итна реакција и писмено известување за преземените мерки и утврдените факти за овој еколошки инцидент. Во спротивно, ќе бидеме приморани случајот да го ескалираме до сите релевантни домашни и меѓународни институции, како и со целосни блокади и протести.
Настанот е исто така документиран со видео запис на „Фејсбук”, кој ви го доставуваме преку линк за ваша проверка. На видеото јасно се гледа дека чадот и прашината доаѓаат од комплексот https://www.facebook.com/reel/1572560851271221.
Со почит,
