За било какви незаконски постапки на територијата на општина Гази Баба, кои бараат итно постапување, а се во надлежност на секторот за Инспекциски работи на општина Гази Баба пријавете на бројот 075 346 932.
За итни случаи на загадување, пријавете во Државен инспекторат за животна средина, дежурен инспектор 070 286 698.
Кликни на копчето подолу за пријава со 1 клик. Ова ќе ја ископира содржината на пријавата и ќе ти отвори апликација за мејл со веќе пополнети е-адреси и наслов на пријавата.
Единствен рачен чекор е да се внесе копираната содржина во мејлот, да се пополни име и презиме доколку е потребно и да се прати пријавата.
[email protected],[email protected],[email protected],[email protected], [email protected], [email protected],[email protected],[email protected], [email protected],[email protected], [email protected],[email protected],[email protected],[email protected], [email protected], [email protected], [email protected],[email protected], [email protected], [email protected]
[ИТНО] Пријава на загадување на животна средина од страна на операторот гасна центра „ТЕ-ТО“ на 26.08.2026
ДО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ГРАД СКОПЈЕ
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕДМЕТ: ИТНО ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗВУЧНО, ВИБРАЦИСКО И АЕРОЗАГАДУВАЊЕ ОД СТРАНА НА ГАСНА ЦЕНТРА „ТЕ-ТО“ НА 26.08.2026
Почитувани,
Денес, во раните утрински часови (околу 09:00), повторно беше забележано интензивно и континуирано испуштање на жолто-кафеав чад од оџаците од гасната централа „ТЕ-ТО“, при што се чувствуваше силна и неподнослива миризба, која се повторува веќе со денови и била забележана и во изминатите месеци.
Исто така секојдневно има огромна и неподнослива континуирана бучава која се слуша надалеку, а се чувствуваат и непријатни вибрации во нашите домови.
Ова е сериозен индикатор за можно неконтролирано или недозволено испуштање на штетни материи во воздухот како што се азот диоксид. Ваквите појави претставуваат директен ризик по здравјето и животите на граѓаните и останатиот жив свет и не смеат да останат без итна и темелна реакција.
Бараме од ДИЖС и општинските инспектори, ВЕДНАШ И БЕЗ ОДЛАГАЊЕ, ВО ИСТИОТ ДЕН да спроведат вонреден инспекциски надзор на правниот субјект за кој од видеото имаме основано сомнение дека го загадил воздухот, предизвикал бучава и испуштал вибрации во животната средина, со задолжително присуство на независна акредитирана лабораторија која ќе врши мерења на лице место. Секое потпирање исклучиво на податоци од операторот, ако воопшто има, е неприфатливо во вакви околности.
Бараме итно и независно мерење на бучавата, како и на вибрациите кои потекнуваат од комплексот кои имаат штетно влијание врз луѓето и живиот свет во непосредна околина.
Инсистираме на целосна транспарентност, односно доставување на резултати со јасно разграничување помеѓу:
податоците обезбедени од самите правни субјекти, и
наодите од независната лабораторија.
Доколку имало хаварија и испуштање на фугитивни емисии од страна на правните субјекти, бараме да ни биде доставен записник дали соодветниот инспекторат бил известен за хаваријата, дали е излезено на терен и колку емисии биле испуштени.
Очекуваме од Вас итна реакција и писмено известување за преземените мерки и утврдените факти за овој еколошки инцидент. Во спротивно, ќе бидеме приморани случајот да го ескалираме до сите релевантни домашни и меѓународни институции, како и со целосни блокади и протести.
Настанот е исто така документиран со видео запис на „Фејсбук”, кој ви го доставуваме преку линк за ваша проверка. На видеото јасно се гледа и слуша дека чадот и звучното загадување доаѓаат од комплексот https://www.facebook.com/reel/2032844267591468
Со почит,
