Ова се активности што ги водиме во текот на телото наше постоење и делување, сумирани во една објава.
Транспарентност и дигитализација во Советот
Преку нашата платформа МојГрад, ЗХГ е единствената советничка група во Град Скопје што објавува распоред на седници, дневен ред, материјали од секоја седница, како и резултати од гласањето на советот. Дополтенилно за секоја точка пишува и ЗХГ како има гласано, со што имаме целосна транспарентност не само на советот туку и на нашето делување во него!
Со овој круцијален чекор, секоја одлука (нормална или ненормална) дозволуваме сите да ја видат, а не само за очите на советниците и нивните партии. Дури ни самиот град не го прави ова!
Активности околу аерозагадувањето
ЗХГ континуирано предлага итни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје, инсистирајќи на нивно вклучување во дневниот ред на Советот и изгласување на истите за да се спроведат, но не може двајца од вкупно 45 советници да ги изгласаат, потребно е мнозинство.
- https://facebook.com/ZelenHumanGrad/posts/810458324548973
- https://facebook.com/ZelenHumanGrad/posts/778464794414993
- https://facebook.com/watch/?v=230908130075761
- https://facebook.com/watch/?v=1687058951699674
- https://facebook.com/watch/?v=690389933202831
- https://facebook.com/ZelenHumanGrad/posts/691517139776426
- https://facebook.com/ZelenHumanGrad/posts/690041586590648
- https://facebook.com/watch/?v=652198177086404
- https://facebook.com/ZelenHumanGrad/posts/674428028152004
- https://facebook.com/ZelenHumanGrad/posts/673909118203895
- Безброј гостувања по медиуми на темата.
- Помош во поставување 100+ волонтерски сензори низ Македонија.
- Помош во организирање работилници и натпревари за решенија околу аерозагадувањето.
Поднесени повеќе предлози кои беа усвоени од Советот
Тие беа насочени кон подобрување на животната средина и урбаното планирање. Обезбедивме две компостари за градот, со цел да се промовира компостирањето како начин за управување со органскиот отпад кој вклучува од 60 до 70% од отпадот по градските контејнери и е причината зошто депониите се самозапалуваат и го загадуваат воздухот. За жал, овие компостари сè уште не се во функција и стојат заклучени, што укажува на неопходноста од зголемување на бројот на независните во Советот на Град Скопје — колку повеќе нѐ има, толку е потешко да бидеме игнорирани.
Организирани, ко-организирани или поддржани протести
- 2019/2020/2024/2025: Протести за чист воздух
- 2025: Протест за затворска казна за убиецот на Феликс
- 2025: Протест + барање на јавни информации за хаваријата на Тораница
- 2023: Поддршка за „Сите за МКЦ“
- 2021/2022: Протест против проширувањето на улицата „Васко Карангелески“
- 2021: Протест против изградбата на кулите спроти хотелот „Холидеј Ин“
- 2021: Протест против сеча на Орце Николов
- Парада на гордоста, Протести за 1-ви мај, протести за 2-ми март, протести против насилство, протести за онкологија / модуларната болница во тетово
Акции за садење 100 нови садници во Скопје
- 2025: 100 нови садници во Аеродром
- 2024: 100 нови садници во Ѓорче Петров
- 2023: 100 нови садници во Кисела Вода
- 2022: 100 нови садници во Гази Баба
- 2021: 100 нови садници во Аеродром




















