За било какви незаконски постапки на територијата на општина Гази Баба, кои бараат итно постапување, а се во надлежност на секторот за Инспекциски работи на општина Гази Баба пријавете на бројот 075 346 932.
За итни случаи на загадување, пријавете во Државен инспекторат за животна средина, дежурен инспектор 070 286 698.
Кликни на копчето подолу за пријава со 1 клик. Ова ќе ја ископира содржината на пријавата и ќе ти отвори апликација за мејл со веќе пополнети е-адреси и наслов на пријавата.
Единствен рачен чекор е да се внесе копираната содржина во мејлот, да се пополни име и презиме доколку е потребно и да се прати пријавата.
Основно јавно обвинителство – Скопје
Министерство за животна средина и просторно планирање
Државен инспекторат за животна средина
Град Скопје – Сектор за животна средина
Општина Гази Баба – сектор за животна средина
Тргнувајќи од заложбите за заштита на правото на здрава животна средина на жителите на Скопје, поднесувамe барање за итна истрага од страна на Основното јавно обвинителство и вонреден инспекциски надзор од надлежните инспекторати, вклучително итно, објективно, навремено и професионално известување на јавноста за сите детали околу инцидентот. Големиот пожар во комплексот Железара кој резултираше со густ црн чад кој стигна до населбата Ново Лисиче претставува сериозна хаварија од индустриски загадувач со директни последици по здравјето на луѓето, животинскиот и растителниот свет.
Поради очигледното потфрлање или непостоење на превентивните системи и мерки за заштита, бараме утврдување одговорност врз основа на следните законски одредби:
1. Повреди на Кривичниот законик на Република Македонија
Бараме ОЈО да покрене постапка за утврдување кривична одговорност кај правното лице и одговорните лица, вклучително службените лица задолжени за институционален надзор, за следните дела од Глава 22 – Кривични дела против животната средина и природата:
2. Повреди на Законот за животна средина
Индустрискиот комплекс и самиот субјект подлежат на строги законски обврски според Законот за животна средина. Секој индустриски капацитет е обврзан да ги преземе сите превентивни мерки уште пред почетокот на активноста за да ги спречи негативните влијанија врз животната средина. Нефункционирањето на овие мерки е основа за одземање на еколошката дозвола. Во согласност со одредбите од законот, капацитетите се должни да имаат План за спречување хаварии. Според начелото „Загадувачот плаќа“, загадувачот е должен да ги надомести трошоците за отстранување на опасноста од загадување на животната средина, да ги поднесе трошоците за санација и да плати правичен надомест за штетата причинета врз животната средина, како и да ја доведе животната средина, во најголема можна мера, во состојба како пред оштетувањето.
Паралелно со водењето на сите неопходни постапки, бараме од сите горенаведени институции во најкус можен рок јавно да се произнесат. Навремената вклученост на јавноста е од суштинско значење за објективно водење на процесите:
Имаме уставно право на чист воздух и здрава животна средина.
Оваа хаварија не смее да остане без институционална завршница и кривична одговорност.
Со почит,
