За итни случаи на загадување, пријавете во Државен инспекторат за животна средина, дежурен инспектор 070286698.
Кликни на копчето подолу за пријава со 1 клик. Ова ќе ја ископира содржината на пријавата и ќе ти отвори апликација за мејл со веќе пополнети е-адреси и наслов на пријавата.
Единствен рачен чекор е да се внесе копираната содржина во мејлот, да се пополни име и презиме доколку е потребно и да се прати пријавата.
Доколку брзата пријава не работи, ископирај ги рачно следните полиња и внеси ги при праќање на нов мејл.
[ИТНО] Загрозување на здравјето на населението од нелегалната депонија „Арачиново“ во Општина Арачиново на 26.08.2026 – итно постапување и гаснење на пожарот, ремедијација и 24/7 обезбедување на земјиштето
ДО
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
ДРЖАВЕН ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НАД ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ГРАД СКОПЈЕ
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
ЦЕНТАР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ
ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ
СЕКТОР ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ НА ГРАД СКОПЈЕ
БРИГАДА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА НА ГРАД СКОПЈЕ
Предмет: Загрозување на здравјето на населението од нелегалната депонија „Арачиново“ во Општина Арачиново на 26.08.2026 – итно постапување и гаснење на пожарот, ремедијација и 24/7 обезбедување на земјиштето
Почитувани,
Со оваа пријава укажувамe на алармантна и итна состојба со активен пожар на дивата депонија во Општина Арачиново (на стариот пат Скопје-Куманово кон с. Грушино), која повторно е запалена и гори по пауза од една недела, откако претходно гореше со месеци.
Поради неповолните временски услови и струењето на воздухот, густиот, отровен и канцероген чад од согорувањето на комуналниот и разен друг отпад се спушта директно во Арачиново, но и стасува до населените места Инџиково, Илинден, Маџари, Ново Лисиче, Автокоманда и пошироката Скопска Котлина, предизвикувајќи масовно загадување на воздухот и сериозна опасност по здравјето на граѓаните.
Ова е директно кршење на членовите 37 и 64 од Законот за управување со отпадот (во понатамошен текст ЗУО) и членовите 2, 7, 28, 145, 147, 148, 149, 150, 151, 157 од Законот за животната средина (во понатамошен текст ЗЖС).
Барамe итно излегување на терен на противпожарните единици за целосно гаснење на пожарот.
Бараме да се смета оваа ситуација како алармантна и ургентна, со итно координирање на целата операција од ЦУК, ДЗС и СЗС на ГС, со цел спречување на понатамошна еколошка штета и загрозување на животот и здравјето на луѓето.
Бараме итно определување на статус на загадувач на ЈКП Амбиенти поради долгогодишното тешко загадување на животната средина.
Бараме раководството на ДИЖС веднаш да испратат сосема нови инспектори да извршат вонреден инспекциски надзор, придружувани со акредитирана лабораторија за животна средина, поради сомнежи за загрозување на здравјето на луѓето со несанкционирање, недонесување забрана за дејност и непостапување по службена должност на тимот што го извршил инспекцискиот надзор во мај 2026.
Бараме да изврши увид и контрола на комуналното претпријатие и дивите депонии и државниот комунален инспектор, според член 121 од ЗУО.
Бареме единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата да изврши мерења и детекција на хемиска и токсична индустриска контаминација на дивите депонии користени од Амбиенти.
Бараме задолжително да се земат мостри и да се извршат мерења на воздух, подземни води и почва, според законот за животна средина при хаварии.
Бараме 24/7 обезбедување на ова диво сметиште и итно алармирање и постапување/гасење во случај на повторно палење.
Бараме МЖСПП итно да им изрече на ЈКП Амбиенти Решение за трајна забрана за одлагање на отпад на диви депонии и привремена забрана за управување со отпад, согласно член 19 од ЗЖС за заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина .
Бараме Општина Арачиново да се задолжи во строго определен рок да направи комплетна ремедијација (чистење, дислокација) на оваа дива депонија и враќање на природата во нејзината првобитна состојба, во соработка со МЖСПП и „Дрисла“, според член 157, 158 и 159 од ЗЖС.
Здрава животна средина е наше основно човеково право загарантирано со Устав на РМ, Закон за животна средина и меѓународни конвенции, а тоа некој упорно ни го одзема, а за жал – институциите недоволно го штитат, а уште помалку детектираат и казнуваат загадувачи.
Очекуваме од Вас итна реакција и писмено известување за преземените мерки и утврдените факти за овој еколошки инцидент. Во спротивно, ќе бидеме приморани случајот да го ескалираме до сите релевантни домашни и меѓународни институции, како и со целосни блокади и протести.
Линк до видео запис за тековниот инцидент: https://www.facebook.com/reel/1400484642042715
Подносител на пријавата,